Новиот Форд Мустанг, што ќе се продава на европскиот пазар, претставува вистински потег на американската компанија, бидејќи првите 500 примероци се резервирани за само 30 секунди.
Форд планира нарачките да ги комплетира до крајот на годинава.
Во случај да дојде до откажување на некоја од резервациите, Форд нема да има никаков проблем бидејќи на листата на чекање има 9.300 заинтересирани купувачи.
– Знаевме дека има голем интерес, но ваков одзив на купувачите не очекувавме. Ова е вистински начин да се одбележи претставувањето на првиот Мустанг во Европа, изјави потпретседателот на маркетинг одделот на Форд за Европа Ролант де Вард.