Факултетите во Хрватска започнуваат 24-часовен штрајк

Од:

Независниот синдикат на наука и високо образование денеска ќе организира еднодневен штрајк на факултетите со цел да се искаже незадоволството на вработените во овој сектор поради потезите на Владата кои го дестимулираат процесот на напредок и ги намалуваат платите.

Претседателот на овој синдикат Вилим Рибиќ како главна причина за штрајкот ги наведе намалувањето на платите, незадоволството со состојбата во образовниот сектор и условите за работа.

– Нема да има настава, ниту че се работи со студентите, туку ќе се вршат само итните работи со цел да се спречи евентуално поголема штета. За време на штрајкот ќе се одржат состаноци со вработените на кои ќе се разгледува дали се подготвени да заземат порадикални ставови, нагласи Рибиќ.

Тој ја спомена и можноста членовите на синдикатот во знак на протест да не издаваат дипломи и потврди за испити или да ги опструираат уписите во новата учебна година. 

Би можело да ве интересира

Бомба тешка 250 килограми е пронајдена кај Нова Градишка

ВИДЕО: Невреме го потопи Сплит

Земјотрес од 4,4 степени во Босна, почуствуван и во Хрватска

На српско-хрватската граница повторно уапсен актерот Сергеј Трифуновиќ

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Невреме во Хрватска, се излеа Сава кај Загреб

Стигна студениот бран во Словенија и Хрватска, падна и снег