Груевски: Деструктивната политика на СДСМ е штетна за државата

Од:

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија во моментот изгледа како возило пуштено во удолница без водач. Дејствуваат по инерција и главната стратегија им е да направат што е можно повеќе штета на Република Македонија.

Ова денеска го истакна премиерот Никола Груевски, одговарајќи на новинарско прашање за враќањето на пратеничките мандати на СДСМ.

– Шансата на ваков начин да се загуби препораката од Европската унија е огромна. Мислам дека најсреќен човек во тој момент ќе биде Зоран Заев и ќе скока по еден метар во висина ако дознае дека Македонија ја загубила препораката. Граѓаните тоа го препознаваат, го препознаа и во минатото, а го препознаваат и сега. Тоа не е стратегија, тоа е деструктивна политика што ја водеше Бранко Црвенковски, а сега ја продолжува Зоран Заев, изјави Груевски по промоцијата на новите пет тома од капиталната едиција „Македонски искушенија“.

Тоа, како што рече, е директна штета на граѓаните на Република Македонија и на државата.

– Во една ситуација на безидејност, кога немаат идеи како да постапат, што да понудат, кога скоро излегоа на избори и во првиот круг понудија некои свои идеи, за кои не ја добија довербата на граѓаните, затоа во вториот круг ја сменија тактиката. Сега веќе без идеи се одлучија на деструктивна политика со која правејќи штета на граѓаните и на државата веруваат дека ќе направат корист за сопствената партија, рече Груевски.

На следните редовни избори, според премиерот Груевски, СДСМ ќе ја доживее најголемата катастрофа што се однесува до поддршката, односно неподдршката на граѓаните на Република Македонија.

– Жалам што во меѓувреме ќе направат сериозни штети, не само за државата туку и за сите граѓани во неа, потенцира Груевски.

Би можело да ве интересира

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп

А1он

(ВИДЕО) Штерјова: Бизнисот цвета – нова зделка со броила за струја вреден 13.3 милиони евра за српска фирма

А1он

Тренчевска: Една милијарда евра е зголемена дупката во ПИОМ

Имало ли одлука на Собранието на акционери на Лотарија за финансирање на прославата, прашува СДСМ

Манасиевски: Правосудството треба да биде бастион на правдата, а не бастион на СДС и ДУИ