Промотивен концерт на Воениот оркестар во Делчево

Од:

На летната сцена во центарот на Делчево вечер ќе се одржи промотивен концерт на Воениот оркестар на АРМ.

Во рамки на програмата, припадниците на баталјонот за почести, ќе ја изведат точката „ЕГЗИРЦИР“ со која ќе демонстрираат висока строева извежбаност во работа со пушка.

Воениот оркестар во траење од околу еден час ќе изведе репортоар од различни нумери од познати светски автори, обработени за оркестарска изведба.

Целта на утрешниот промотивен концерт на Воениот оркестар во Делчево, а со кој продолжува реализацијата на проектот за соработка со локалната самоуправа во Република Македонија, е низ дружење Армијата да се доближи до граѓаните и во градовите каде АРМ нема гарнизони.

Во текот на месецов со гостувањето на Воениот оркестар во Македонски Брод започна реализацијата на годинешната програма на проектот „АРМ поблиску до граѓаните“, со кој до крајот од годината се планирани гостувања во повеќе градови низ Република Македонија.

Би можело да ве интересира

Членовите на Постојаниот комитет на Парламентарното собрание на НАТO во „контрола“ на касарната „Илинден“

Сиљановска-Давкова: Безбедносните закани бараат големи вложувања во одбраната, напредните технологии и оружја

Горан Наумовски

Лафчиски: Нашето членство во НАТО е гаранција за мир и стабилност во земјата

Во сообраќајка се преврте возило на АРМ, едно лице е повредено

На воениот отпад во Ѓорче Петров се истепаа двајца војници на АРМ

Мисајловски: Условот од два отсто од Буџетот за одбрана е исполнет, 32 отсто одат на модернизација