Димовски: Од СДСМ да бидат свесни за нивната одговорност

Од:

Постапката на избраните пратеници од СДСМ е нивна одлука за која треба да сносат одговорност. СДСМ и нејзините пратеници мора да бидат свесни за својата партиска и лична одговорност, нагласи денеска Илија Димовски од ВМРО – ДПМНЕ.

– Со овој чекор се прави голема штета на Република Македонија и нејзините државни и национални интереси. На народот, на граѓаните на Македонија им е кристално јасно за чии интереси СДСМ ја донесе оваа одлука за поднесување на оставки во Собранието на Република Македонија. Очигледно е дека СДСМ го изгубила компасот, изјави Димовски.

Ваквата постапка на СДСМ, истакна тој, е многу сериозен удар врз принципите кои треба да се промовираат од страна на демократските политички субјекти.

– Лидерот на СДСМ Зоран Заев после изборите самиот потенцираше дека не ја ужива поддршката од мнозинството на граѓани, но во една ваква суицидна постапка не оди сам, туку со себе ја влече целата своја партија и сите пратеници на СДСМ. Во исто време тој и Андреј Жерновски кои се избрани за градоначалници на избори под исти услови, комотно си остануваат на своите позиции и не поднесуваат и не размислуваат да поднесат оставки. Нивната одлука може да даде повод за повлекување на препораката со ЕУ. Им завршуваат работа на оние кои не блокираат, рече Димовски.

Вршејќи им работа на оние кои не блокираат и не враќаат назад, смета Димовски, Зоран Заев се надева дека ќе ја добие поддршката од граѓаните на Република Македонија.

– Тоа е нелогично. Сигурни сме дека на следните избори граѓаните на Република Македонија уште посериозно и уште со поголема разлика ќе ја казнат оваа штетна политика на СДСМ која што предизвикува штетни последици на Република Македонија, потенцира Илија Димовски од ВМРО – ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Тоа што не се донесе Изборниот законик е показател за тоа дека СДС, Левица и ДУИ, кога имаат можност ќе го блокираат напредокот на државата

СДСМ: Над два милиони евра завршиле кај „Маратон“ и уште една фирма блиска до ВМРО

Манасиевски: Опозицијата не се бори за подобар Изборен законик, туку за да нема Изборен законик

Нема договор за Изборниот Законик, опозицијата блокира со илјадници амандмани

Катерина Ѓуровски

Милошоски: Левицата не сака да го потпише предлогот за измени на Изборниот законик, ќе биде поднесен амандман за парите за изборно рекламирање

Тренчевска: Две години Влада на Мицкоски, нема повисоки плати, нема подобар стандард- нула исполнети ветувања