Тајландската воена хунта донесе одлука од денеска да го намали периодот на траењето на полицискиот час, така што граѓаните и туристите во оваа земја ќе можат слободно да се движат до полноќ и од четири часот наутро.
Портпарол на воената управа најави дека најкасно до викендот полицискиот час целосно ќе биде укинат во познатите туристички центри, меѓу кои се Патаја и Пукет.
Полициски час воведен минатата недела во цел Тајланд беше во периодот од 21 часот до пет часот идното утро. Тоа беше збунувачко, особено за рестораните и продавниците во Бангкок и во повеќето познати меѓународно познати туристички центри во кои и покрај прогласената вонредна состојба капацитетите се пополнети и до 80 посто.
Весникот „Бангок Пост“ денеска пренесе вест на Хсинхуа дека за следниот викенд е најавено пристигнување на најмалку 6.000 туристи од Кина.