Преку проектот „Општина по мерка на граѓаните“ Струмица ги зајакнува капацитетите на администрацијата и Советот

Од:

Во рамките на воспоставената соработка помеѓу општина Струмица и фондацијата Отворено општество – Македонија на проектот „Општина по мерка на граѓаните“, денеска во хотелот „Глигоров“ почна обуката за подобро разбирање на ЕУ и пристап до европските фондови (ИПА и Програми на Унијата). Целта на тридневната обука е да се зајакнат капацитетите на општинската администрација и членовите на Советот за активно вклучување на граѓаните во подготовките и донесувањето на локалните политики.

seminar_soros2По спроведените две обуки за стратешко планирање и партиципативно креирање политики, оваа е трета од планираните четири обуки планирани во првата половина на 2014 година. По завршувањето на обуките, општинската администрација и и членовите на Советот активно ќе учествуваат во подготвувањето на нацрт – политиките за општината во областите образование, млади, социјална заштита и политика за соработка со граѓанските организации. Концептот „Општина по мерка на граѓаните“ ќе се спроведува во периодот 2014-2017 година, а има за цел зголемување на административните и финансиските капацитети на општината, зајакнување на граѓанскиот сектор за активно учество во животот на заедницата и придонес кон доброто владеење во училиштата.

 

Би можело да ве интересира

Почина човек во изгорен стан во зграда во Струмица

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Изборот на Мартин Костовски за кандидат за градоначалник е доказ дека Заев сеуште владее со СДС

Запленети околу 100 килограми марихуана во Струмица, лишени од слобода три лица

АХВ лажела за водата во Струмица, Костадинов најави кривична пријава

Предраг Петровиќ

Невремето предизвика големи штети во струмичко

Во Струмица се урива незаконски поставената урбана опрема и на објекти подигнати на јавни површини

Горан Наумовски