Вечерва со доделување на наградите завршува Филмскиот фестивал во Венеција, а фаворити за Златниот лав се филмот на јужнокорејскиот режисер Ким Ки-дука „Pieta“ и „The Master“ на американскиот режисер Пол Томас Андерсон.
Вечерашната церемонија на доделување награди, претставува завршница на 11 денови исполнети со филмови, интервјуа, фотографирање и забави.
По завршување на церемонијата ќе биде прикажан филмот „L’ Homme qui rit“.
Критичарите генерално се согласуваат дека селекцијата на директорот Алберт Барбере била солидна, додека светските медиуми имаа забелешка на недостатокот на ѕвезди од А листата на црвениот тепих.