Хрватска има право судски да ги гони за воени злосторства и претходно помилуваните

Од:

Хрватска има право судски да ги гони за воени злосторства и оние на кои претходно е применет законот за помилување, одлучи Европскиот суд за човекови права во Стразбур, одбивајќи ја тужбата на поранешен хрватски војник против Хрватска за кршење на правото на фер судење.

– Меѓународното право се повеќе се стреми кон тоа амнестијата за тешки повреди на човековите права да биде неприфатлива, се наведува во образложението на пресудата во случајот Фред Маргус против Хрватска.

Поранешниот припадник на хрватската армија издржува во Лепоглава казна од 14 години затвор изречена во 2007 година поради тортура и убивање на српски цивили во Осијек во 1991 година.

Против него првпат е воден судски процес во 1997 година за убиства, кражби и уништување туѓ имот, но хрватскиот суд го помилува со примена на Законот за амнестија.

Маргус во 2006 е повторно изнесен пред суд за кривично дело воени злосторства против цивилно население за што е осуден на 14 години затвор.

Тој пресудата на обжалува пред Европскиот суд на правдата, повикувајќи се на начелото дека никој не може да биде обвинет и осуден двапати за исто дело. Судот по жалбата донесе одлука дека тоа не е применливо во случај на воени злосторства.

– Хрватските правосудни органи не ги кршат човековите права на подносителот на тужбата со тоа што повторно го судат за воени злосторства против цивилно население, и постапиле во согласност со меѓународното право и позитивните обврски, се наведува во пресудата.

Би можело да ве интересира

Бомба тешка 250 килограми е пронајдена кај Нова Градишка

ВИДЕО: Невреме го потопи Сплит

Земјотрес од 4,4 степени во Босна, почуствуван и во Хрватска

На српско-хрватската граница повторно уапсен актерот Сергеј Трифуновиќ

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Невреме во Хрватска, се излеа Сава кај Загреб

Стигна студениот бран во Словенија и Хрватска, падна и снег