Литванија со силна поддршка за членство на Македонија во НАТО

Од:

Заменик министерот за одбрана Емил Димитриев денеска се сретна со делегација од Министерството за национална одбрана на Република Литванија предводена од неговиот колега, заменик министерот за одбрана Маријус Величка.

– Сакам да се заблагодарам на Литванија за силната поддршка што ја дава на Македонија за зачленување во НАТО. Литванија е една од земјите која силно ја поддржува политиката на НАТО на отворени врати, односно за прием на нови членки и тоа е од особено значење за нас како земја аспирант за полноправно членство во НАТО, истакна Димитриев на прес-конференцијата во Министерството за одбрана по средбата.

Најави дека во текот на денот ќе се разговара и за актуелни теми од сферата на безбедноста како што се случувањата во Украина и состојбите во Западен Балкан.

– Една од темите за кои ќе разговараме е искуството на балтичките земји во регионалната соработка и можноста за нивно аплицирање во регионот на Западниот Балкан, посочи Димитриев.

Според него, оваа посета е почеток на поинтезивна соработка меѓу двете министарства и градење на пријателски односи кои ќе придонесат за зголемување на капацитетите на двете институции.

Заменик министерот за одбрана на Литванија Маријус Величка уште еднаш ја истакна поддршката за прием на Македонија во НАТО и за натамошно проширување на Алијансата.

Величка ја нагласи и соработката во образованието на кадри од одбраната во Летонија, како и на Балтичкиот одбранбен колеџ во Естонија за која како што кажа, очекува да продолжи и во иднина.

Би можело да ве интересира

Песков: Украина не треба да стане членка на НАТО, бидејќи тоа e закана за Русија

Членовите на Постојаниот комитет на Парламентарното собрание на НАТO во „контрола“ на касарната „Илинден“

НАТО сака Украина да биде напредна суверена држава откако ќе се постигне мир

Мицкоски: Значително ја подобривме интероперабилноста на нашите вооружени сили со оние на другите сојузници

Министерот Муцунски на министерски состанок на НАТО во Брисел

А1он

Муцунски од Брисел: Мора повеќе да инвестираме во безбедноста