Топузова – Каревска останува пратеник во Парламентот

Од:

Пратеничката од редовите на опозициската ЛДП Роза Топузова – Каревска нема да го врати мандатот и ќе остане во Парламентот и покрај одлуката на останатите пратеници од СДСМ и коалициските партии да поднесат оставки и да не ги прифатат пратеничките мандати.

Во телефонски разговор за „Утрински весник“ таа вели дека одлуката за невраќање на мандатот ја донела бидејќи не гледа јасна стратегија што ќе постигне опозицијата со поднесените оставки.

– Не сум убедена дека дејствувањето надвор од институциите ќе биде соодветен одговор во борбата за демократија со режимот на власта. Мислам дека местото на народните избраници е во Собранието каде што треба да ги застапуваат интересите на граѓаните кои ги избрале – вели Топузова-Каревска.

Топузова-Каревска додава дека во парламентот ќе продoлжи да работи како опозициски пратеник и ќе ја критикува работата на владејачката партија.
Ваквата одлука за Топузовска се насетуваше, откако по изборите со неа не можеше да стапи во контакт никој од партијата, а како причина се наведуваше дека не се чувствува добро.

Би можело да ве интересира

ЛДП: Поверениците во четирите општини да не можат да се кандидираат за градоначалници на повторените избори

ЛДП доби признание за иновативни решенија на конгресот на АЛДЕ во Брисел како клучен член на европското либерално семејство

Зајкова: Да избереме напредок, одговорност и дела што носат подобро секојдневие за сите нас

Горан Наумовски

ЛДП: Идентитетот не се гради со уривање на заштитеното културно наследство

Геговска: Трагедијата на Росица нека биде последна, бараме итно воведување на електронска нараквица за насилниците

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Зајкова: 102 молкa, еден живот помалку – електронска нараквица за сторителите на насилство