Во изложбениот простор на Кинотека на Македонија вечер ќе биде отворена 9. завршна изложба на дела изработени од членовите на ликовното студио „АРС ВИВЕНДИ“ од Скопје, чиј ментор е Тони Шулајковски.
„АРС ВИВЕНДИ“ девет години работи под мотото „Насочи го својот потенцијал во вистински правец“, подучувајќи ги децата дека ликовното изразување е само еден дел од уметноста/умешноста на живеењето.
Изложбата ќе биде отворена до 4-ти идниот месец.