Компанијата „Рено“ најави дека заедно со својот малезиски партнер, компанијата „Тан Цонг Моторс“, во овљаа азиска земја ќе почне да го произведува моделот „Флуенс“.
Најавата за почеток на производството на „Рено Флуенс“ во Малезија е дел од стратегијата на францускиот производител да го зголеми своето присуство на пазарот во југоисточна Азија.
После Тајланд и Индонезија, Малезија е третата економија по значење во овој регион.
Во последните 30 години оваа земја имаше просечен годишен стопански раст од пет отсто, благодарение на што стандардот на неговите жители е меѓу најголемите во југоисточна Азија.
Раст бележи и автомобилскиот пазар, па во 2013 година во Малезија се продадени околу 645 илјади возила, што е за пет отсто повеќе отколку во 2012 година.
Освен растот на производството на автомобили, „Рено“ ќе ја прошири и дистрибутивната мрежа во Малезија. Во план е до 2016 година бројот на продажно-сервисни места да се зголеми на 25.
Во моментов францускиот производител во оваа земја продава „Меган РС“, „Клио РС“, „Колос“ и „Флуенс“, а предвидено е во иднина да понуди уште неколку модели.
„Рено“ планира до 2018 година да стане еден од трите најголеми европски производители на автомобили во Малезија.