Емир Мутапчиќ, некогашната легенда на југословенската кошарка, ќе биде новиот селектор на Германија.
Германската кошаркарска федерација го назначи Мутапчиќ за селектор на најдобрата германска кошаркарска репрезентација, на местото на Франк Менц.
– Мутапчиќ има голема репутација во кошаркарските кугови како и неопходно искуство кое ќе и помогне на нашата селекција. Тој знае умешно да работи со играчите и да им ја пренесе својата идеја и концепт, но исто така важи за стручњак кој знае добро да комуницира со играчите, изјави Инго Вајс, претседател на Кошаркарската федерација на Германија.
Минатата година Мутапчиќ работеше како асистент на тренерот Светислав Печиќ со кој минхенски Баерн ја освои титулата во Германија, а настапуваше и во две фази од елитната Евролига.
– Почестен сум што Германија ме одбра мене. Мое мислење е дека Германија има голем кошаркарски потенцијал. Оваа функција дополнително ќе ме мотивира, изјави Мутапчиќ кој своевремено на 120 натпревари го носеше дресот на репрезентацијата на поранешна Југославија.