Тајландската хунта го уапси одбегнатиот министер за образование

Од:

Угледниот тајландски политичар и доскорешен министер за образование, Чатурон Чаисенг е уапсен денеска од воените власти и задржан во притвор.

По воениот удар од минатата недела,Чаисенг одби да се јави на сослушувањето што го наложи хунтата, за повеќе од 100 политичари, министри, пратеници од соборената власт и академици и наместо тоа побегна од главниот град, криејќи се во внатрешноста на земјата.

Непосредно пред да биде уапсен, во разговор за Би-Би-Си тој го осуди воениот удар и суспензијата на демократијата во земјата.

– Пучот е катастрофа за Тајланд, рече Чаисенг, но ја отфрли можноста да организира движење за отпор против воената хунта.

Од вчера, воената власт има и легитимитет да управува со земјата, откако хунтата беше формално признаена од тајландскиот крал.

Минатонеделниот воен удар, втор во последните осум години, дојде по шестмесечната целосна блокада на политичкиот систем во земјата, откако опозицијата покрена масовни протести и блокади на институциите, со намера да ја собори владата на легално избраниот премиер Јинглук Шинаватра, како и да изнуди таа и целото семејство Шинаватра, да бидат исклучени од домашната политика.

Војската која последен пат интервенираше во 2006 година, кога го тргна од власт Таксин Шинаватра, брат на досегашната премиерка, не најавува брзо враќање на демократијата во Тајланд.

Во изминатите десетина денови таа секојдневно ја зацврснува воената власт, суспендирајќи ги сите демократски институции, укинувајќи ја слободата на медиумите и задржувајќи во притвор стотина активисти и политичари од соборената власт.

Во притвор беше и Јинглук Шинаватра, како и нејзниот син,но тие вчера беа ослободени, иако засега немаат право да ја напуштат земјата.

Во судирањата изминатите месеци, меѓу антивладините и провладините пиврзеници,загиаа триесетина лица.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Питон со часови давеше жена во Тајланд, полицијата шокираше од глетката

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Мајмуни „окупираа“ тајландски град, властите почнаа лов

Тројца Хрвати се повредени во сообраќајна несреќа во Тајланд

Горан Наумовски

Експлозија во фабрика за огномет во Тајланд: Најмалку 23 лица загинаа

ВИДЕО: Во експлозија на магацин со пиротехнички материјали на Тајланд има 12 мртви

Катерина Ѓуровски

Германски бизнисмен крвнички е убиен, бил мачен, а потоа и распарчен, неговото тело e пронајдено во замрзнувач