Норвешките служби за безбедност соопштија дека уапсиле тројца мажи осомничени за врски со група, отцепена од Ал Каеда.
Против сите тројца е покренато обвинение за поддршка или учество во терористичка организација.
Тројцата уапсени се норвешки граѓани на 24, 27 и 29 години. Најстариот е роден во Сомалија, а останатите двајца во поранешна Југославија.
Властите наведуваат дека двајца од уапсените се бореле за џихадистичката група „Исламска држава Ирак и Левант“, што води борби во Сирија и се смета за терористичка организација согласно норвешките закони.
Според податоците на норвешките служби за безбедност околу 50 лица заминале од Норвешка за Сирија за пристапување кон вооружени исламистички групи.