Италијанскиот дизајнерски центар Загато соработува со Ламборџини од 1965 година, а најновиот модел од нивната заедничка соработка е Ламборџини 5-95.
Само еден примерок од овој суперавтомобил базиран на моделот „Галардо“ е изграден специјално за колекционерот Алберт Спиес.
Моделот целосно ја претставува Загато дизјанерската уметност. Во официјалното соопштение се наведува дека креаторите на „5-95“ моделот се водени од функционалноста и рационализмот.
Предниот дел е инспириран од Ламборџини Раптор Загато од 1996 година.
Моделот е придвижуван од 5,2 литарски В01 мотор со 562 коњски сили. Силата се пренесува на сите тркала, што овозможува забрзување од 0 до 100 километри на час за 3 секунди со максимална брзина од 320 километри на час.