Нигерија: Лоцирани 300-те киднапирани девојчиња

Од:

Нигериската војска ги лоцираше речиси 300 девојчиња кои кон средината на април беа киднапирани од исламските екстремисти, но стравува дека со употребата на сила во обид да бидат ослободени би можело до доведе до нивна смрт, изјави денеска началникот на Генералштабот на нигериската војска, Алекс Бадех.

Обраќајќи им се на демонстрнтите, кои се собраа во знак на поддршка на војската која е цел на критиките, тој изјави дека нигериските сили можат да ги спасат девојчињата но додаде дека со тоа можат и да ги убијат девојчињата во обидот да ги вратат.

Бадех се обрати на илјадиниците демонстранти кои маршираа до седиштето на Министерството за одбрана во Абуџа.

На новинарско прашање каде војската ги пронашла девојчињата тој не сакаше да даде повеќе детали.

– Сакаме девојчињата да ни се вратат. Можам да ви кажам дека ние тоа може да го направиме. Нашата војска тоа го може. Но можеме ли да примениме сила онаму каде ги држат како заложници, рече тој обраќајки се на најсобраните демонстранти.

Портпаролот на американското Минситерство за одбрана рече дека министерството за сега не може да ги потврди наводите дека нигериските девојчиња се лоцирани.

Претседателот на Нигерија претходно изјави дека воопшто не се разгледува за можноста за размена.

Полицијата соопшти дека 53 девојчиња успеале да побегнат, а 276 и натаму се во заробеништво.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО Поплавите уништија нигериски град, на улиците „врие“ од крокодили и змии

Се урна училиште во Нигерија – загинаа 22 ученици, 150 се заглавени под урнатините

A1on

Најмалку 18 луѓе загинаа во бомбашки напад во Нигерија

Повеќе од 100 гости на свадбата се удавија во Нигерија кога нивниот брод се преврте

Најмалку 54 лица загинаа во експлозија на бомба во централна Нигерија

ВИДЕО: Свештеник жив запален во Нигерија

А1он