Димитриев: Членството во НАТО останува врвен државен приоритет

Од:

Република Македонија по се она што го има направено на патот за полноправно членство во НАТО има легитимно право да очекува покана на секој Самит, но не само на Самит туку поканата може да дојде и од состанок на ниво на амбасадори, нагласи денеска заменик министерот за одбрана Емил Димитриев по барање на новинарите да ги коментира последните пораки од генералниот секретар на Алијансата Андерс фог Расмусен за време на последната посета на Република Македонија.

– Таа позиција е сосема легитимна и оправдана од наша страна и тоа се нашите очекувања. Што ќе донесе Самитот во Велика Британија ние не можеме однапред да прејудицираме, тоа не зависи од нас. Меѓутоа ние и натаму остануваме цврсто посветени на нашето зачленување во НАТО и по ниеден основ не праќаме сигнали дека овој  наш врвен државен приоритет е доведен во знак прашање, изјави Димитриев по отворањето на обуката „Справување со современи безбедносни предизвици преку почитување на Меѓународното хуманитарно право:НАТО операциите предводени да се спротистават на хибридни и сајбер закани“.

Би можело да ве интересира

Италијански војници по грешка пукаа во свои, има тешко повредени

Полска предупредува на руска ескалација, НАТО вели армијата и оружјето се подготвени

(ВИДЕО) Фицо: Нема да војуваме поради некаков „член 5“

Борбен авион на НАТО собори дрон над Литванија

Медведев: „Русија може да го погоди Киев и НАТО, да остане само нуклеарна прашина“

НАТО ја повика ЕУ да го зголеми притисокот врз Русија и поддршката за Украина