Политичките партии од двете заедници во Кипар гледаат шанса за решавање на проблемот со етнички поделениот остров, оценувајќи го како недозволиво продолжувањето на сегашниот „статус кво“ на Кипар.
Лидерите и претставниците на партиите на кипарските Грци и кипарските Турци се сретнаа во Лидра Палас, на зелената линија, што го дели островот на грчки и турски дел, во присуство на словачкиот вицепремиер и министер за надворешни работи Мирослав Лајчак, кој е во посета на Кипар.
Лајчак во своето обраќање нагласи дека партиите на двете заедници во Кипар се согласни да го продолжат меѓусебниот дијалог, што почна пред 25 години со цел за решавање на проблемот за островот врз основа на можноста за создавање на бизонална, двојна феерација, регулирана од резолуциите на ОН.