Уште еден фантастичен настап на кошаркарскиот репрезентативец на Македонија, Војдан Стојановски во дресот на германската екипа Алба Берлин.
Стојановски беше еден од најзаслужните за победата на Алба од 81:79 во првиот натпревар против Артланд Драгонс во полуфиналето од плејофот на Германскиот шампионат.
Тој беше втор стрелец во својата екипа со 16 поени без промашување од игра (2/2 за два поени, 3/3 за три поени и 9/10 слободни фрлања).
Американецот Реџи Рединг постигна 19 поени, во првата победа на тимот од Берлин. Следниот натпревар се игра во среда, а пласман во финалето ќе обезбеди екипата, која прва ќе забележи три победи.
Во вториот полуфинален дуел, шампионот Баерн Минхен пред домашната публика ја совлада екипата на Олденбург со 85:67.