Турски суд нареди апсење на израелски генерали за упадот на бродот „Мави Мармара“

Од:

Суд во Истанбул денеска нареди апсење на четворица израелски генерали, поради нивната улога во упадот на турскиот брод „Мави Мармара“ од меѓународна флотила со помош за Газа во мај 2010 година, при што беа убиени деветмина турски активисти.

Судот до Интерпол ќе поднесе барање за издавање меѓународна потерница за апсење на четворица поранешни израелски воени раководители, на кои во Турција од 2012 година им се суди во отсуство, објасни порпаролот на турската исламистичка хуманиатрна фондација „Човекови права и слободи“, Серкан Нергиз.

– Судот издаде потерница против осомничените, посочи Нергиз. Тој додаде дека одлуката на Судот ќе му биде соопштена на Министерството за правда, кое ќе треба да побара од Интерпол издавање на меѓународна потерница за апсење на поранешниот началник на Генералштабот на израелската армија, генерал Габи Ешкенази, екс-началник на израелското воено разузнавање, генерал Амос Јадлин и поранешните команданти на Воената морнарица и Военото воздухопловство.

Турското правосудство израелските воени лидери ги обвинува за „монструозни убиства и малтретирања“.

По упадот на „Мави Мармара“ во 2010 година односите меѓу Турција и Израел западнаа во сериозна политичка и дипломатска криза.

Би можело да ве интересира

Бројот на загинати борци на Хезболах може да достигне и до 4.000

Најмалку 17 Палестинци загинаа низ Газа во израелски напади

Елијаху: Не го победивме Хезболах, се согласивме на примирје под принуда

Израел и Либан се договорија: Само официјалните воени и безбедносни сили смеат да поседуваат оружје

Хамас е подготвен за прекин на огнот со Израел

Нетанјаху: Израел ќе одговори со сила на секое прекршување на примирјето во Либан

Горан Наумовски