Поранешната тајландска премиерка Јинглук Шинаватра денеска е ослободена од притвор, во кој ја држеше воената хунта по преземањето на власта во земјата, соопшти нејзин соработник.
Тој истакна дека Шинаватра веќе се вратила во својот дом.
Лидерите на воената хунта ја приведоа поранешната премиерка во петокот, а портпаролот на војската тогаш рече дека притворот можеби ќе трае и една недела.
На почетокот на мај, Уставниот суд ја прогласи Шинаватра и девет нејзини министри за виновни за злоупотреба на должноста.
Јинглук е сестра на Таксин Шинаватра, поранешен тајландски премиер соборен од власта во државниот удар во 2006 година.