Кралот на Тајланд го именува водачот на воената хунта за шеф на привремената власт

Од:

Командантот на тајландската армија и водач на воената хунта генерал Прајут Чан Ока денеска изјави дека бил официјално именуван од кралот Пумипон Адулјадеј да го раководи Националниот совет за одржување на редот и мирот, како што се нарекува хунтата.

Официјалниот „Кралски весник“ го потврди именувањето.

На прашањето дали ќе се врати власта на цивилната влада, Прајут не се обврза со рокови, изјавувајќи „ако нема политички конфликти, ќе може да се врати нормалната положба“.

Прајут Чан Ока не излезе со конкретен датум за одржување предвремени парламентарни избори, иако првично се заложи за тоа.

Генералот го оправда воениот удар од 22 мај со аргументот дека било неопходно да интервенира по половина година судири меѓу приврзаниците и противниците на соборената влада.

Војската се обиде да ги ограничи протестите приведувајќи ги на два дена поважните јавни личности, што можеа да имаат значајна улога. Меѓу нив, се наоѓа и поранешната премиерка Инглук Шинаватра, повеќето министри од соборената влада и десетици други политичари и активисти.

Воената хунта, исто така, нареди на десетици активисти, универзитетски професори и новинари да се јават пред властите.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Питон со часови давеше жена во Тајланд, полицијата шокираше од глетката

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Мајмуни „окупираа“ тајландски град, властите почнаа лов

Тројца Хрвати се повредени во сообраќајна несреќа во Тајланд

Горан Наумовски

Експлозија во фабрика за огномет во Тајланд: Најмалку 23 лица загинаа

ВИДЕО: Во експлозија на магацин со пиротехнички материјали на Тајланд има 12 мртви

Катерина Ѓуровски

Германски бизнисмен крвнички е убиен, бил мачен, а потоа и распарчен, неговото тело e пронајдено во замрзнувач