ВИДЕО: Силни врнежи на дожд и град во Скопје – улиците „пливаат“ во вода

Од:

Обилните врнежи на дожд и град ги поплавија улиците во Скопје.

Голем дел од булеварите и улиците беа затворени од полицијата, а сообраќајот беше заглавен и се одвиваше со големи проблеми.

Целосно потопени под вода беа плоштадот „Македонија“ и „Филип Втори“, а заглавените граѓани бараа начин како да ја поминат од една на друга страна.

Вработените во угостителските објекти кои се наоѓаат во Стара чаршија со кофи ја изнесуваа надојдената вода.

Најкритичен дел од Скопје беше под подвозникот кај стоковната куќа Мост, каде во половина метар вода, беа заглавени неколку автомобили.

Оперативното тело на Владата и Град Скопје за координација и справување со поплавите вечерва свикаа итен состанок за поплавите кои го зафатија главниот град.

Петар Клинчарски

Би можело да ве интересира

Меѓународен ден за намалување на ризикот од катастрофи: Подготвеноста за поплави почнува дома и спасува животи

Поплави во Турција: Четири лица загинаа, три се водат како исчезнати

Тројца загинати и четворица исчезнати во поплавите во Истанбул

А1он

(ВИДЕО) Хаотични сцени во Истанбул – патишта се уриваат, поројните води носат автомобили, поплавени се болници и метрото

А1он

(ВИДЕО) Силно невреме ја погоди Италија – загинаа две жени

А1он

(ВИДЕО) Двајца работници извлечени живи од тунел во Непал, девет дена по поплавите

А1он