Воената хунта во Тајланд не ја приведе поранешната премиерка Јинглук Шинаватра, како што претходно беше соопштено, изјави висок претставник на хунтата.
– Јунглук беше повикана на сослушување, од неа беше побарано да не учествува во политички активности. Таа сепак не беше задржана, како што се тврдеше, изјави портпатолот на Националниот совет за одржување на мирот и редот на хунтата, која од четвртокот управува со Тајланд.