Тајна анализа на приватните факултети

Од:

Седум приватни високи училишта во Хрватска задоволија со квалитет, исто толку беа испратени на своевиден поправен испит, едно високо училиште доби забрана за упис на студенти на една година, а друга приватна високо образовна институција мора да прекине со работата – резултат е на акредитациска постапка која во изминатите три академски години ја спроведе Агенцијата за наука и високо образование во соработка со меѓународните рецензенти. Високото бизнис училиште Минерва, овие денови очекува писмо од министерот за наука Жељко Јовановиќ, на која по седум години и се одзема дозволата за работа. Во постапката на акредитацијата е утврдено дека на тоа приватно училиште во Дугопоље до Сплит, сериозно е нарушен квалитетот. Студиската програма не е во целост усогласена со меѓународните стандарди, на многу наставници им треба дополнителни педагошки знаења, а студентите немаат доволно практично искуство, сметаат рецензентите.

Негативни препораки

Во извештајот на стручната комисија кој го доби Јутарњи лист стои дека еден од клучните недостатоци забележан во Минерва е дека поради акцент на задоволување на барањата на студентите, до некаде е нарушен академскиот кредибилитет.

Минерва е основана во 2007 година и имала дозвола за изведување на стручни студии за информатички менаџмент. Осумдесет студенти за кои сега се бара решение каде ќе продолжат, плаќаат школарина на Минерва од 24.900 куни годишно.

– Министерството за наука од Акредитацискиот совет прими негативна препорака за Високото деловно училиште Минерва, па ќе постапи согласно со таа препорака. За спроведување на препораката, Министерството од Агенцијата побара и предлог мерки за продолжување на студиите на постоечките студенти. Во спроведувањето на негативната препорака ќе се водиме според правата за заштита на студентите кои не се одговорни за состојбата во која се нашле – велат во МЗОС.

Забелешки за мали деца

Во Минерва се во шок, а наведените недостатоци велат ги сметаат за забелешки за мали деца. Никако не се согласуваат со оценката на акредитацијата на која во февруари поднесоа приговор. Но, посебна комисија на акредитацискиот совет заклучи дека нивниот приговор е само делумно основан.

– Минерва со својот приговор не докажа неточност и неоснованост на нашите наводи, посебно поврзано со забелешката за нејасност на клучните показатели за успехот. Минерва не докажа дека студентите имаат доволно практично искуство, ниту докажаа дека ги поправиле недостатоците на кои беа предупредени – заклучи комисијата.

Освен Минерва, седум високи приватни училишта кои во последните три години ја поминаа акредитациската постапка, мораа на своевиден поправен испит. Агенцијата поради забележаните недостатоци им издаде т.н. писмо со очекувања. Тоа сигнализира дека се исполнети минимални критериуми, но забележани се недостатоци кои треба да се отстранат во рок од три години. Интересно е дека добар дел силно се потрудија да ги поправат забележаните недостатоци.

Меѓу нив е Високото училиште за менаџмент и дизајн Аспира, основано во 2009 година во чија акредитациска препорака стои заклучок дека на Аспирија е нарушен квалитетот со оглед дека во целост не се решени прашања поврзани за резултатите од учењето, а многу наставници имаат само основни педагошки знаења, потребни за изведба на наставата.

Без лаборатории

Тоа високо училиште со седиште во Сплит има 139 студенти на студии по спортски менаџмент, осум вработени наставници, 31 надворешен соработник и еден научник, па функционира само од сопствени приходи. Меѓу предностите на високото училиште во препораката се наведуваат многу позитивната и пријателска атмосфера и работното опкружување, а меѓу слабостите – ограничените наставни методи како и скромната соработка со стопанството (но исклучителна поврзаност со спортскиот сектор).

Писмо со очекување доби и високото училиште Вишњан чии студии се насочени на секторот за туризам и угостителство, а брои 219 студенти. Училиштето има 12 наставници и ниту еден научник. Сериозни забелешки се согледани во текот на акредитацијата, меѓутоа тоа што нема лаборатории тие не биле во план, а интернетската врска е слаба и не одговара на потребите на студентите. Меѓународната соработка слабо е развиена, а меѓу препораките е и подобрување на формата на документите.

Надзорен персонал

Повеќе од 500 студенти се запишани во Високото техничко училиште чиј основач е Град Бјеловар, но според податоците од акредитацискиот извештај тие во текот на посетата на рецензентите имале само осум постојани вработеи, 50 надворешни соработници и ниту еден научник. Поради тоа, стручната комисија им препорача да го подобрат размерот на наставниците и студентите. – Високото техничко училиште е млада институција која сеуште нема своја потребна опрема. Расположливата опрема е современа но недоволна (електротехниката) или воопшто ја нема (биомедицински симулатори), стои во рецензијата, со забелешка дека не постои анализа за причините за драматичното полагање на испитите на студентите.

Но, бидејќи на ВТШ изведуваат студии по медицина, најголем зададен приоритет им е да го зголемат надзорниот наставен персонал, сметајќи дека се работи за струка која се бави со човечки животи…

Бројот три пати зголемен

Високото деловно училиште со правна насока, чиј основач е Пучкото отворено училиште Загреб, исто така помина со писмо на очекување поради сериозно нарушен квалитет, но и едногодишна забрана за упис на студенти. Меѓутоа, бидејќи акредитациската постапка ја поминаа меѓу првите, до сега стигнаа да ги поправат недостатоците па најавуваат упис на 140 студенти по маркетинг и комуникации со школарина од 19.950 куни и обавезна уписнина од 1995 куни. Во последните десет години бројот на приватните високи училишта три пати се зголемил. На три приватни училишта, три велеучилишта и 23 приватни високи училишта во овој момент студираат 12.556 студенти, што е околу 6 отсто од вкупната студентска популација.

Јутарњи лист – Загреб

Би можело да ве интересира

Бомба тешка 250 килограми е пронајдена кај Нова Градишка

ВИДЕО: Невреме го потопи Сплит

Земјотрес од 4,4 степени во Босна, почуствуван и во Хрватска

На српско-хрватската граница повторно уапсен актерот Сергеј Трифуновиќ

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Невреме во Хрватска, се излеа Сава кај Загреб

Стигна студениот бран во Словенија и Хрватска, падна и снег