Хрватска, БиХ и Србија стравуваат од мини, кои што ги носи водата

Од:

Претставници на центрите за деминирање на Храватска, Србија и БиХ се договорија секојдневно да разменуваат информации за состојбата на сомнителните мински подрачја, додека не се смири ситуацијата по поплавите кои ги зафатија овие три држави.

-Елементарната непогода нема граници и мините не познаваат граници- рече по состанокот директорот на Хрватскиот центар за деминирање, Дражен Јакопец и најави дека на поплавените подрачја кога ќе се создадат услови, повторно ќе бидат обележени сомнителните мински подрачја.

Во жупањска Посавина под вода се околу 2,5 квадратни километри сомнително подрачје. Директорот на Центарот за деминирање на Србија, Бранислав Јовановиќ рече дека и покрај тоа што Србија нема сомнителни мински површини, постои опасност Сава да донесе експлозивни направи, кои ќе го загрозат населението покрај реката.

minePoplava

Раководителот на Регионалната канцеларија на Брчко босанскиот- херцеговачки Центар за отстранување на мините, Есад Алетиќ изјави дека во поплавените подрачја во БиХ под вода се наоѓаат 30 милиони квадратни метри сомнителна минска површина.

Според неговите зборови, најтешка е состојбата на подрачјето на Орашје, Домаљевац, Шамац и Брчко.

-Оваа несреќа не обедини. Се обидуваме на сите начини, но ќе биде доста тешко – рече Алетиќ и додаде дека посебна опасност претставуваат минско експлозивните направи и оружје, кои многумина ги чуваат во подрумите и куќите кои што се поплавени.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Првиот човек на Валенсија одбива да поднесе оставка за грешките за време на поплавите

(ВИДЕО) Во Шпанија се затвараат училишта, се евакуираат некои жители по обилните дождови

(ВИДЕО) Драматични сцени од Шпанија: Малага е под вода

Горан Наумовски

Санчез: Времето за политички дискусии за поплавите ќе биде по реконструкцијата

За настраданите од поплавите во Шпанија ќе донираат по 100 евра за секој километар што ќе го претрчаат на теренот

А1он

(ВИДЕО) Невремето од Валенсија се пресели во Барселона, поплавени улици, отежнат сообраќајот на возовите