Студенти од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ денеска ќе трчаат полумаратон по кејот на Вардар во чест на 24 Мај, Денот на сесловенските просветители.
Трката во должина од 21 километар ќе почне во 9:00 часот кај мостот „Близнак“ во Ново Лисиче.
Организатор на првото издание на Студентскиот полумаратон е Студентскиот парламент на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје.