Четвртото издание на фестивалот „Здраво млади“ на бината која за прв па беше поставена на самата улица на „Кеј Димитар Влахов“, успеа да ги донесе Американците „ChkChkChk“, кои прв пат доаѓаат во земјата, но видоа дека имаат голем број на обожаватели на кои им порачаа „Викнете не’ пак во Скопје“.
Претходно настапија Disciplin A Kitschme, кои одамна не свиреле во Скопје, а гости на фестивалот беа и „The Soft Moon“, и други групи.
Публиката се забавуваше и со и Dance натпревар со ДЈ Гоце, а победникот, актерката Сања Арсовска освои фестивалски Skopje Fixie велосипед, потоа штандови на Сигет фестивалот, штандови за маици, за храна – што го издвои од другите фестивали што се одржуваат во Скопје.
А.Б.