Ноќта кога Обреновац го зафати најголемата поплава, семејството Миќиќ од село Рват не ни претпоставувало што ќе им се случи. Единствено предупредување бил плачот на нивниот шестмесечен син Тодор, кој ги разбудил од сон.
-Немаше никакви знаци дека ќе има поплава, водата одеднаш дојде од сите страни и останавме заробени. Ниту со автомобил не можеше да се помине – вели мајката Славица.
Пред налетот на водата, тие заминале на горниот кат, а кога пристигнале спасувачите најпрвин им дале нешто што личи на мал пакет.
-Мажот, ми даде нешто што изгледаше како куфер, а јас му реков дека ние не можеме да им го носиме багажот, туку само луѓе, но тој рече дека тука е нивното бебе- раскажува Марко од Горската служба за спасување.
Е. Г.