Поранешната тајландска премиерка Јинглук Шинаватра е уапсена денеска од воните власти и одведена во непознат правец.
Апсењето на Шинаватра, која претходно беше сменета од функцијата, откако Врховниот суд ја обвини за „злоупотреба на овластувањата„ доаѓа само 24 часови по воениот удар во Тајланд и поставувањето на водачот на пучот, генерал Прајут Чан Ока за нов премиер.
Заедно со неа се уапсени и еден број членови од нејзиното семејство, како и политичари од досегашната власт во земјата.
Шинаватра одговори на барањето на хунтата, сите досегашни политичари да дојдат на „информативен разговор“ како што воени власти ги оквалификуваат сослушувањата. Поранешната премиерка повеќе часови беше испрашувана во просториите на Армискиот клуб во Бангкок од каде таа замина, но во придружба на воени лица. Подоцна е соопштено дека е задржана во притвор, без да се каже каде се наоѓа, како и без да се определи обвинувањето поради кое е уапсена.
Покрај Шинаватра, денеска беа сослушувани и десетици политичари, министри од соборената влада. Воените власти ги повикаа на сослушување и гувернерите во земјата, угледни тајландски бизнисмени, како и десетици вискои државни службеници.
Водачот на хунтата, генерал Прајут се сретнал со некои од соборените политичари, порачувајќи им дека реформите во земјата мора да се извршат пред да може да се организираат какви било избори.
Шестмина највиски воени функционери се испратени во внатрешноста на Тајланд, каде со тамошните команданти ќе ја надгледуваат работата на локалните власти.
Во првите 24 часови по соборувањето на легално избраната влада, воената хунта ги зацврснува своите позиции, целосоно прекинувајќи ги сите овластувања и функции на политичарите. За разлика од последниот пуч, во 2006 година, овој пат хунатата не дава никакакви навестувања дека сака брзо да им ја предаде власта на цивилите.