Во Тајланд армијата почна да ги истражува илегалните финансиски трансакци на власта и опозицијата

Од:

Водачите на воениот државен удар денеска започнаа масовна истрага со цел да се откријат тајните финансиски трансакции на политичарите од досегашната, сменета, власт, но и на лидерите на протестите на опозицијата. Во соработка со најголемиот дел од припадниците на Специјалниот оддел за сузбивање на криминалот, претставниците на Советот за оддржување на мир и поредок прво ги испитуваат финансиските трансфери од и кон странство.

По вчерашното прогласување на целосен државен удар од денеска важи и полицискиопт час во цел Тајланд. Во главниот град Бангкок продавниците ќе мора да се затворат во 20 часот по локално време, а еден час потоа запира и функцонирањето на целиот градски сообраќај.

Дел од тајландската опозиција се обидува да организира протести што би се одржувале преку ден, а по затворањето на повеќето радио и ТВ станици, се комуницира преку интернет, или со директни контакти.

Приврзаниците на сменетата премерка Јинглук Шинаватра изјавија дека чекаат инструкции од нејзиниот брат Такшин, кој исто така беше сменет од премиерска функција со воен удар и сега се наоѓа во „доброволен егзил’’ во странство. До скоро, тајландските медиуми шпекулираа дека Такшин Шинаватра е во Сингапур, од каде ги координира активностите на „ Црвените кошули’’ и нивните симпатизери.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Питон со часови давеше жена во Тајланд, полицијата шокираше од глетката

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Мајмуни „окупираа“ тајландски град, властите почнаа лов

Тројца Хрвати се повредени во сообраќајна несреќа во Тајланд

Горан Наумовски

Експлозија во фабрика за огномет во Тајланд: Најмалку 23 лица загинаа

ВИДЕО: Во експлозија на магацин со пиротехнички материјали на Тајланд има 12 мртви

Катерина Ѓуровски

Германски бизнисмен крвнички е убиен, бил мачен, а потоа и распарчен, неговото тело e пронајдено во замрзнувач