Во Украина се води „вистинска граѓанска војна“, изјави рускиот претседател Владимир Путин два дена пред претседателските избори во Украина, каде што не запираат судирите меѓу редовната војска на проевропската влада и проруските сепаратисти во источните области.
На економскиот форум во Санкт Петербург Путин истакна дека кризата во Украина е резултат на одбивањето на поранешниот претседател Виктор Јанукович да потпише договор за асоцијација со ЕУ.
– Следеше државен преврат, поддржан од нашите американски пријатели, и на крајот настапи хаос и вистинска граѓанска војна, рече Путин.
Сегашните проблеми, поврзани со Украина и Крим, се предизвикани од отсуство на доверба во светот, додаде шефот на руската држава.