Зад затворени врати за извештајот на УБК

Од:

Сашо Мијалков, првиот човек на Управата за безбедност и контраразузнување, ни денеска не се појави пред надлежната собраниска комисија. Но, го немаше ни в.д. директорот на Агенцијата за разунавање Наќе Чулев.

Повторно за тоа како работела УБК, пред пратениците реферираше заменикот Силјан Аврамовски. И овој пат седницата беше затворена за јавноста.

Извештајот стигна во Собранието со задоцнувањеи без детали. Членови на комисијата брифираат дека во извештајот за минатата година, надлежните не укажале на радикални екстремни групи во Македонија. Извори од Комисијата, се сомневаат дека тајната полиција не презела потребни чекори за да се пресретне или осуети 5-кратното убиство кај Смиљковско езеро.

УБК не доставил ниту информации кои биле барани, за преземени истражни мерки, ниту како се трошелни парите на граѓаните.

 

Би можело да ве интересира

Собранието го изгласа Законот за прекршоци – стартува проектот „Безбеден град“

Гаши: Собранието мора да ја засили контролата врз работата на Владата

На седница на Собранието измените на Кривичниот законик

Левица: Пратениците повторно испумпаа 14,4 милиони за патни трошоци, ние нема да учествуваме во овој грабеж

Горан Наумовски

Собранието со 73 гласа „за“ го донесе Законот за Судски совет

Горан Наумовски

Мицкоски: Во фаза на потврда сме на три многу важни странски инвестиции – германска, грчка и турска во вредност од околу 120 милиони евра и 1.500 нови вработувања