Малиот „оклопник“ наречен „Фулеко“, што е кованица за зборот фудбал и екологија на португалски, е маскота на овогодишното Светско првенство во фудбал кое ќе се одржи од 12 јуни до 13 јули во Бразил.
Армадило ( на шпански „оној кој има оклоп“) е цицач кој живее во Северна и Јужна Америка. Постојат околу 20 видови армадили, кои се разликуваат по бројот на кругови на оклопот. Нивната просечна должина е околу 75 сантиметри, вклучувајќи ја и опашката.
Видот на армадил, избран за маскота на Светското првенство, живее во североисточен Бразил. Се одликува по тоа што може да се собере во топка за да се одбрани од нападите, пренесува Б92.
Бразилските еколози покренаа кампања за заштита на армадилите, маскотата на овогодишното Светско првенство во фудбал.
Претставничката на здружението за заштита на природата Катинг, Лијана Сена, истакна дека на малиот оклопник му се заканува истребување поради сечење на шумите и ловот. Местото на армадилите во Бразил се смета за деликатес.
Таа се надева дека тоа што е избран за маскота на Светското првенство, е „помош на општеството и владата да станат свесни за значењето на спасувањето на армадилите и нивното природно живеалиште“.