Заев го честиташе Националниот ден на Власите

Од:

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонијa, Зоран Заев, денеска упати честитка до сите граѓани на Република Македонија, припадници на влашката заедница, по повод Националниот ден на Власите.

„На сите припадници на влашката заедница во Република Македонија им го честитам Националниот ден на Власите, 23-ти мај. Денот кога на Власите им биле доделени национални права во Отоманското царство, со што е признаено постоењето на влашкиот народ како посебен етнички, јазичен и културен субјект е од особено значење за влашката заедница, но и за целата македонска држава. Власите дадоа значаен историски, општествен и културен придонес во градењето на современата македонска држава.

Почитувањето на традиционалните вредности и меѓусебното разбирање е заеднички залог за благосостојбата и просперитетот на нашата држава.

Во оваа прилика, дозволете уште еднаш да ги повторам моите искрени желби за добро здравје, разбирање, мир и благосостојба на сите граѓани на нашата држава. Преку негување на вредностите, да ги утврдиме нашите напори и определби за градење европска и демократска Република Македонија во која се промовира еднаквост, почитување и соживот за сите граѓани.“ стои во честитката на претседателот на СДСМ, Зоран Заев.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Државата оди напред, граѓаните живеат подобро

Горан Наумовски

СДСМ ги објави кандидатите за градоначалници за Шуто Оризари, Илинден, Кочани и Долнени

Скопјани се трујат од отровен чад и канцерогени честички поради горење на депониите Дрисла и Вардариште, велат од СДСМ

Левица: Скандалозниот тендер на Јанушев од еден милион евра заврши кај поранешен советник на СДС во Струмица

(ВИДЕО) Јанковиќ: Вицепремиерот Арбен Фетаи не сака да одговара на македонски јазик, тврди „уште не бил спремен“

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ ги штити Виктор Димовски, Еролд Муслиу и Љупчо Коцевски