„Асошиејтед прес“: Ѓоковиќ ја обедини поранешна Југославија

Од:

Најдобриот српски тенисер, Новак Ѓоковиќ извојува многу победнички асови, но ниту еден до сега не беше толку силен, како овој со кој ги обедини народите на Балкан, погодени од катастрофалните поплави, оцени агенцијата „Асошиејтед прес“.

-Светскиот тенисер, го направи она што многу политичари не можат, барем на кратко да ги обединат некогашните непријатели, кои сега заеднички се борат против разорните поплави-стои во текстот на „Асошиејтед прес“.

goleSFRJ1

Американската агенција пишува дека Ѓоковиќ покрена голема финансиска и медиумска поддршка ширум светот, за настраданите од катастрофалните поплави.

-Она што ја издвојува кампањата на Ѓоковиќ за помошта за загрозените жители, е фактот што тој не ја бара само за Србија, туку и за БиХ и Хрватска, кои инаку беа во војна со Србија-наведува АП и оценува дека сите три држави се уште немаат меѓусебна доверба иако поминаа 20 години од крајот на војните.

goleSFRJ3

Е. Г.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Се појави видеото од водителот кој го навреди Ѓоковиќ и српските навивачи

ВИДЕО: Илон Маск му изрази поддршка на Ѓоковиќ кој одби интервју по победата

Зверев и Пол во третото коло на Австралија Опен

Откажан Австралија опен

Осуммина Македонци на листата 100 најбогати во регионот за 2024

Парсел призна дека ги прекршил правилата за антидопинг