Пучистот Прајут Чан-оча се прогласи за премиер на Тајланд

Од:

Командантот на тајландската армија, генерал Прајут Чан-оча денеска ја презеде функцијата премиер на земјата, само еден ден откако изврши државен преврат, јави ДПА.

– Во периодот во кој ние нема да имаме друг човек за премиер, надлежностите на премиерот ќе ги преземе шефот на Националниот совет за поддршка на мирот и на редот (воената хунта што вчера ја презеде власта во Тајланд), се наведува во наредбата на армијата, во која се промовира новата улога на генерал Прајут.

Истовремено, вчера соборениот привремен премиер на Тајланд Ниватхамронг Бунсонгфајсан го прифати повикот на воениот режим да се јави пред Националниот совет за поддршка на мирот и редот

Вкупно 38 лица одговориле на повикот на војската. Членовите на семејството Шинаватра, вклучувајќи ја и поранешната премиерка Јинглук Шинаватра, засега не одговориле на испратените повици.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Питон со часови давеше жена во Тајланд, полицијата шокираше од глетката

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Мајмуни „окупираа“ тајландски град, властите почнаа лов

Тројца Хрвати се повредени во сообраќајна несреќа во Тајланд

Горан Наумовски

Експлозија во фабрика за огномет во Тајланд: Најмалку 23 лица загинаа

ВИДЕО: Во експлозија на магацин со пиротехнички материјали на Тајланд има 12 мртви

Катерина Ѓуровски

Германски бизнисмен крвнички е убиен, бил мачен, а потоа и распарчен, неговото тело e пронајдено во замрзнувач