Работнички и Кожув во дуел за финале

Од:

Екипите на Работнички и Кожув денеска ќе ја одиграат „мајсторката“ од полуфиналето на кошаркарскиот плејоф, по што ќе биде познат и вториот тим кој ќе се бори за шампионскиот трофеј.

Откако актуелниот првак МЗТ Скопје Аеродром вчера и официјално обезбеди пласман во финалето, денеска кошаркарите на Работнички и Кожув ќе го одиграат решавачкиот трет натпревар.

Домашниот терен може да се покаже како клучен имајќи во предвид дека сезонава, во шесте одиграни средби, двете екипи се радуваа на триумф на домашен паркет.

Работнички ја доби првата средба од плејофот пред своите навивачи со 88:81, а гевгеличани беа убедливи во вториот дуел да домашен терен со 87:51.

Исто беше и во натпреварите од Првата и Супер лигата, кога двете екипи со победа ги завршија дуелите одиграни пред своите симпатизери.

Натпреварот Работнички – Кожув во салата „Парк’’ во Скопје, ќе се игра ќе стартува од 18 часот и 30 минути.

Би можело да ве интересира

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

Најнов „пресек“: ФИБА ја објави ранг листата – Србија втора во светот

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Награда од три милиони денари за кошаркарите кои освоија злато на Европското првенство

Летонците и го украдоа првото место на Србија – нова шлаканица за САД

Немирна ноќ во Берлин – тепачки меѓу навивачите на Панатинаикос и Олимпијакос