Тајландската војска, што денеска изврши државен удар во земјата, почна апсење на поранешни министри, јави ИТАР-ТАСС.
Притворен е поранешниот министер за труд Чакерм Јобамрунг, како и неговиот син.
Војската што изврши државен удар и порача на поранешната влада на земјата, да се јави до крајот на денот пред Командата за одржување на мирот и правниот поредок, воена структура што ја презема власта во земјата.