Новиот воен режим на Тајланд забрани собирања на повеќе од пет лица поради „политички причини“.
– Секој кој ќе ја наруши забраната може да биде осуден на една година затвор, или на 220 евра казна, или пак на двете казни, изјави воен портпарол.
Претходно денеска војската објави дека извршува воен преврат со цел стабилизирање на земјата и го суспендира уставот.