Во акцијата за помош на поплавените подрачја во Србија и Босна и Херцеговина се вклучија и лицата со посебни потреби од Центарот за помош на лица со ментален хендикеп „Порака“ од Неготино.
– Лицата со ментален хендикеп од нашиот Центар со многу љубов ја подготвија оваа донација и со тоа ја покажаа својата хуманост. Се работи за патики за мали деца, пижами и јакни. Во такви услови знаеме дека се е потребно и секоја помош е добродојдена, велат од Центарот.