Во Музејот на град Скопје, вечерва со почеток во 20, 20 часот ќе биде отворена изложбата насловена „Во синило те намамив“, авторски проект на најпознатите македонски дизајнерки на накит, Јана Ацевска, Биби Клекачкоска, Дафина Џепароска и Марта Пејоска.
-Фасцинацијата од синилото е силна инспирација и одредница во создавањето на уникатните парчиња современ накит.Колосалните океани, бескрајното небо и брзите реки се преточени во смели и заводливи сирени на кои не можете да им одолеете, велат авторките.
Изложбата се поставува во Скопје по успешното претставување минатото лето во Охрид во рамки на фестивалот „Охридско лето“.
А.Б.