Црна Гора го комплетираше скриниг процесот и со тоа влезе во завршната фаза на процесот на придружување, соопшти денеска пред новинарите во Брисел Петер Стано, портпарол на комесарот за проширување на ЕУ, Штефан Филе.
– Скринингот е многу важен процес, а сега претстои отворање и затворање на другите подглавија, рече портпаролот.
Тој потсети дека скрининг процесот, чија цел е ги усогласи законските регулативи во земјата кандидат за секое од 35-те поглавија преговара за придржување, со правилата кои важат во ЕУ.
– Црна Гора сега влегува во завршната фаза на просецот на пристапување, а кога последното поглавје ќе се затвори, следи потпишување на Договорот за придружување и стапување во полноправно членство , рече Стано.
Портпаролот на Филе изјави дека успешниот завршеток на скринингот е доказ дека процеост на проширување на ЕУ продолжува да се одвива со полна пареа.