А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Симулациска вежба на сообраќајка со големи последици

by А1он22/05/2014 - 08:47218
Share0

Министерството за здравство и Светската здравствена организација (СЗО) денеска во Градскиот парк 2 во Скопје ќе реализираат симулациска вежба „Сообраќајна несреќа со голем број повредени и со изгореници”, дел од активностите кои се однесуваат на подготовка и одговор при кризни состојби.

Следете a1on на Instagram Instagram

Целта на вежбата е тестирање на Планот за одговор при кризни состојби на ЈЗУ Градска Општа Болница 8-ми Септември-Скопје, и подготвеноста на Итните медицински служби при Здравствен дом -Скопје како и соработката со другите сектори.

Во нејзина реализација ќе учествуваат шест екипи на Итните медицински служби Здравствен дом-Скопје, Црвениот крст на Република Македонија, ЈЗУ ГОБ 8-ми Септември-Скопје, Министерството за внатрешни работи, Бригадата за противпожарна заштита-Скопје. вежбата се организира во соработка со Град Скопје, Центарот за управување со кризи и Дирекцијата за заштита и спасување.

Симулациската вежба ќе се реализира како дел од Меѓународната конференција за безбедност на сообраќајот на патиштата во организација на РСБСП. Вежбата е дел од активностите планирани во рамките на Двогодишниот билатерален договор за соработка за 2014/2015 година помеѓу Министерството за здравство и Светската здравствена организација (СЗО). 

Следете a1on на Youtube YouTube
soobrakajkaszozdravstvo

Би можело да ве интересира

Тешка несреќа кај Обровац: Двајца мртви, уште двајца итно префрлени во болница

Горан Наумовски16/07/2026 - 08:57

Несреќа во Скопје: Мотоциклист заврши со тешки повреди на „Партизанска“

Горан Наумовски14/07/2026 - 16:21

Сите патници во комбето што излета од патот Котор-Никшиќ се српски државјани: Загина 21-годишна девојка

Горан Наумовски13/07/2026 - 21:50

Повеќе од 30 повредени откако автобус се судри со возила и удри во зграда

Горан Наумовски10/07/2026 - 07:00

Прекин на сообраќајот на патот Прилеп–Градско кај Ореовец поради превртено товарно возило

Предраг Петровиќ26/06/2026 - 19:32

Пет лица се повредени во сообраќајка на три возила на патот Прилеп – Битола

Горан Наумовски21/06/2026 - 21:1421/06/2026 - 21:20
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео