Хуманитарна акција на театрите за Србија и БиХ

Од:

 Македонската опера и балет, Македонскиот народен театар и Драмскиот театар-Скопје се вклучуваат во акцијата за помош на луѓето од поплавените подрачја во Србија и Босна и Херцеговина.

Приходите од продадените билети за нивните вечерашни претстави ќе бидат наменети во таа цел. МОБ ќе ја прикаже оперската претстава „Фауст“ од Шарл Гуно, која е во рамки на тековниот фестивал Мајски оперски вечери, а во МНТ ќе биде изведена новата претстава „Сината птица“ во режија на Златко Славенски.

Драмскиот театар-Скопје најави дека во хуманитарна цел ќе бидат две претстави: вечер ќе ја изведе „Евридика“, а утревечер претставата „Живот во тесни чевли“.

Би можело да ве интересира

Љутков: На Велес му го враќаме театарот во неговата вистинска институционална форма

Четворица обвинети за изградбата на театарот и библиотеката во Тетово

Горан Наумовски

Театрите и Филхармонија со зголемен број претстави/концерти и посетители во 2023/2024

А1он

Шест години постоење на „Театар Провокација“

А1он

„Ние, луѓето“-премиера

Битолскиот театар гостува на фестивал во Врање