Денови на занаетчиството

Од:

Старата скопска чаршија во наредните три дена ќе биде домаќин на традиционалната градска манифестација „Денови на занаетчиството 2014“ во чии рамки ќе се одржи и Пролетен базар на креативни рачно изработени предмети и презентација на занимања и струки од средното стручно образование.

Тезгите на кои со свои производи ќе се претстават ракотворците ќе бидат поставени пред просториите на Занаетчиската комора Скопје. Посетителите ќе имаат можност да погледнат како се изработуваат одредени ракотворби, да споделат искуства и да купат рачно изработени предмети.

Целта на манифестацијата „Денови на занаетчиството“ е да го промовира занаетчиството и занаетчиите, односно нивните производи и услуги, да го доближи занаетчиството до младите луѓе, до граѓаните и до институциите, да поттикне континуирана кампања за промоција на занаетчиството како фактор за економски развој, за зачувување на традицијата и културата на нашата земја, како и можност за квалификација и оспособување на идниот занаетчиски кадар и можност за подобрување на квалитетот на живеење на граѓаните кои се занимаваат со занаетчиска дејност.

Градот Скопје е покровител на оваа манифестација, а организатор е Занаетчиската комора Скопје

Би можело да ве интересира

Занаетчиите бараат да плаќаат струја како домаќинствата

Ана Ололовска

ВИДЕО: Отворена изложбата „Жени во занаетчиство“ во Кабинетот на претседателот

Ана Ололовска

Занаетчиите и институциите ќе соработуваат во борбата против сивата економија во занаетчиството

Наум Локоски

Првпат по 55 години доделени мајсторски дипломи за занаетчиите

Ана Ололовска

Проект за зголемување на конкуретноста во занаетчиството

Ана Ололовска

Средба со мајстор Фарук Шабан во Стара скопска чаршија

Ана Ололовска