Расмусен: НАТО е подготвен да помогне на БиХ

Од:

Генералниот секретар на НАТО Андерс Фог Расмусен денеска во Сараево изјави дека досега Алијансата укажала помош на поплавените региони во Босна и Херцеговина и е подготвена да помогне на земјата и во иднина.

На прес конференција по средбата со членовите на колективното босанско претседателство Расмусен изјави, дека земјите членки на НАТО досега испратиле во БиХ хеликоптери, чамци и спасувачки екипи.

– Одржуваме контакт со ЕУ за да видиме што уште можеме да направиме. Подготвени сме да помогнеме на кој начин и да побарате, изјави генералниот секретар, истакнувајќи го особено проблемот со движењето на неактивираните мински полиња како последица на поројните дождови и лизгањето на земјиштето во земјата.

Би можело да ве интересира

Најмалку 100 луѓе загинаа во поплавите во Непал, 67 се водат како исчезнати

(ВИДЕО) Поплави во Јапонија: Шест лица загинаа, има и исчезнати, градските улици под вода

(ВИДЕО) Полска: Водата однесе автомобил со деца, исчезна цел град, настрада познат хирург

(ВИДЕО) „Борис“ во Европа одзеде најмалку седум животи, илјадници семејства немаат каде да преспијат

A1on

Поради поплави затворен автопатот во Австрија, се е под вода

Предраг Петровиќ

Поплави во Полска: Едно лице се удави, 1.600 луѓе евакуирани