Софија Куновска разрешена од советничката функција

Од:

Советот на Град Скопје денеска на седница ја разреши советничката на СДСМ, Софија Куновска, со образложение дека нејзината функција во Советот не е споива со пратеничката функција која ја доби на парламентарните избори.

Оваа одлука следи по верифицирањето на пратеничките мандати во Собранието. По одлуката на Советот, Куновска изјави дека советниците на ВМРО-ДПМНЕ покажувале нескриено задоволство што ќе се ослободат од неа.

– Денес сум разрешена од местото член на Совет на Град Скопје под раководна палка на Ирена Мишева која и самата беше шест месеци во слична ситуација, неспоивост на функција, затоа што по изборот на член на градскиот Совет уште најмалку шест месеци остана да биде член на Фондот за пензиско и инвалдиско осигурување. Но тоа не е единствен таков случај во Град Скопје. Таков беше и случајот со Халиде Палиште од ДУИ, која беше во исто време и член на Советот и директор на Национална галерија, рече Куновска.

Куновска е четврта советничка на СДСМ која го загуби своето место поради одлуката на Собранието со која беа игнорирани нотарските изјави на избраните пратеници. Претходно од Советот на Охрид од истите причини беше разрешен, Томислав Тунтев, а вчера од битолскиот совет беа разрешени советниците од редовите на СДСМ, Васко Ковачевски и Јулијана Силјановска.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Јавноста мора да знае кои клиники и доктори правеле непотребни операции

Александар Трајановски ќе биде предложен за нов потпреседател на СДСМ

Катерина Ѓуровски

Опозицијата да не држи прес конференции со прашања, да достави докази и порача Мицкоски на СДСМ

Скандалот со ИПАРД води до врвот на власта, дали Панкерот и кумовските врски на Мицкоски се под истрага, прашува СДСМ

Манасиевски: Дали познат доктор и поранешен градоначалник одбил функција во раководството на СДС затоа што не го смета Филипче за релевантен?

Мицкоски рече дека тој побарал да се блокираат исплатите за ИПАРД, СДСМ вели дека лаже

Катерина Ѓуровски